Новости
Соопштенија
НОВО: Ажурирање на податоци со OneID
31.12.2025
Стопанска банка им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат личните податоци во Банката– лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала.
Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата www.id.stb.com.mk и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува на клиентите на едноставен и удобен начин да ја исполнат нивната законска обврска за ажурирање на личните податоци.
"Флексибилноста и зголемената достапност на нашите производи и услуги се императив за новите функционалности кои ги развиваме и ги планираме за претстојниот период," истакнуваат од Стопанска банка.