Прескокни до содржина
Нов член на Управниот одбор, г. Илијас Пападопулос, Генерален директор за оперативни работи

Новости

Соопштенија

Нов член на Управниот одбор, г. Илијас Пападопулос, Генерален директор за оперативни работи

28.10.2025

Стопанска банка АД – Скопје го објавува назначувањето на г. Илијас Пападопулос за Генерален директор за оперативни работи (COO) и член на Управниот одбор на Банката. Ово е ново воспоставена позиција во Одборот, која ја одразува стратешката ориентација на Банката кон зајакнување на оперативната извонредност на највисоко ниво. Г. Пападопулос успешно ја заврши постапката за лиценцирање пред Народната банка на 27 октомври.

Со повеќе од две децении извршно искуство во банкарството, г. Пападопулос носи вештини во управување со кредитен ризик, корпоративно и банкарство на мало, како и интерна ревизија. Претходно беше на позицијата Сениор директор за кредитен ризик и член на Извршниот одбор, каде што одигра значајна улога во обликувањето на апетитот за ризик и кредитната стратегија.

Г. Пададопулос има магистерски студии по финансии и инвестиции од Универзитетот во Ексетер и додипломски студии по економија од Универзитетот во Гринич, Велика Британија.

Како COO, г. Пападопулос ќе раководи со клучни оперативни сектори вклучувајќи ИТ, платниот промет, кредитно администрирање и управување со деловните процеси. Неговата задача вклучува водење на оперативниот модел за трансформација на Банката, со фокус на модернизација, иновации и регулативно усогласување.

Назначувањето потврдува посветеноста на Банката кон зајакнување на лидерскиот тим и усогласување на работењето со највисоките стандарди на управување, иновации и услуга за клиентите.