Прескокни до содржина
Намалувањето на надоместоците за платежни услуги продолжува и во септември!

Новости

Соопштенија

Намалувањето на надоместоците за платежни услуги продолжува и во септември!

02.09.2025

Како Банка која искрено се грижи за своите корисници и постојано вложува во подобрувањето на услугите, со задоволство Ве информираме дека процесот на намалувањето на надоместоците за платежни услуги, кој започна во август, продолжува и во текот на септември со нови поволности.

Стопанска банка АД - Скопје е носител на промените во полето на дигитализацијата и меѓу првите на пазарот овозможи кредитните трансфери за физичките лица, во интерниот платен промет, преку дигиталните канали да бидат целосно ослободени од надоместоци. Препознавајќи ја довербата што секојдневно ни ја укажувате, од 10.09.2025 година, оваа погодност ја прошируваме и за правните лица, со што значајно ја унапредуваме поддршката за деловната заедница.

Исто така, со цел дополнителни заштеди за физичките и за правните лица и олеснет пристап до европските пазари, од 05.10.2025 година ја намалуваме тарифата и за СЕПА кредитните трансфери, олеснувајќи го меѓународното работење под уште поатрактивни услови.

Со овие иницијативи даваме значителен придонес за поттикнување на дигитализацијата и финансиската инклузија, со посветеност и одговорност, да бидеме секогаш доверлив партнер на заедницата.