Прескокни до содржина
Награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21 за проектот филијала Охрид

Новости

Соопштенија

Награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21 за проектот филијала Охрид

03.10.2023

На 29 септември, во Музејот на Современата Уметност во Скопје, при свеченото затворање на БИМАС 20 и БИМАС 21 беа доделени наградите во повеќе категории меѓу кои и Наградата за реализирана внатрешна архитектура-ентериер: Архитектонско студио БМА / Филијала на Стопанска банка АД - Скопје, Охрид.

Изразуваме голема благодарност до целиот архитектонски тим и колегите од Секторот за административна поддршка вклучени во развојот на проектот. Филијалата е бисер во нашата голема мрежа на филијали и пример за симбиоза помеѓу традиционалното и модерното.

Повелете посетете ја филијалата и уверете се во уникатниот изглед вклопен во автентичната охридска архитектура.