Новости
Соопштенија
Меморандум за соработка со Природонаучен музеј - Скопје и Министерство за Култура и Туризам
11.12.2025
Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, Генералниот извршен директор на Стопанска банка Хрисула Кутуди, и директорот на Природонаучниот музеј - Скопје Ивица Заркадов денес потпишаа Меморандумот за трогодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот.
Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишен јубилеј од основањето на оваа музејска институција следната 2026 година.
Министерот Љутков изрази благодарност до Стопанска банка што ја препозна важноста и потенцијалот на музејот како национален центар за еколошко и научно образование.
Генералниот извршен директор Кутуди нагласи дека Банката негува долга традиција во поддршката на образованието, науката и јавните институции.
Директорот на Природонаучниот музеј г. Заркадов изрази благодарност до Стопанска банка за значајната донација од 150.000 евра, која ќе овозможи обновување на влезниот портал и холот, изградба на првата интерактивна "MAGIC ROOM" во Македонија и целосна модернизација на веб-страницата.