Прескокни до содржина
Извлечени 40 добитници на 50.000денари од второто коло на наградната игра

Новости

Соопштенија

Извлечени 40 добитници на 50.000денари од второто коло на наградната игра

18.03.2025

Согласно правилата од наградната игра „80 среќни Mastercard картички“ на 14. 3. 2025 во просториите на Банката во присуство на нотар спроведено беше второто извлекување на 40 добитници на 50.000 денари.

Добитниците се објавени во дневниот весник „Слободен печат“ и Банката веднаш пристапи со контактирање. За заштита на личните податоци објавени се со иницијали, град и ID број во Банката.

Им честитаме на добитниците и со реализацијата на наградите завршува наградната игра која Банката ја организираше со Mastercard.