Новости
Соопштенија
Известување за промена на надоместоци
01.04.2024
Во примена од 1 јуни 2024 година, Стопанска банка АД – Скопје врши ревидирање на надоместоците за уплата и повлекување на готовина и плаќања на шалтерите на банката, за физички и правни лица.
За повеќе детали, прилагодена табела со надоместоците кои ќе се применуваат од 1 јуни 2024 година е достапна преку линк.
За бесплатно вршење на уплати и исплати на готовина, препорачано е користење на банкоматите на банката. Во 2023 и 2024 година, банката воспостави 60 модерни банкомати низ земјата со функционалност за 24/7 уплата на готовина.
Банката континуирано инвестира во современи решенија преку дигиталните канали, кои овозможуваат брзи, едноставни и евтини трансакции достапни 24/7 со значително пониски надоместоци.
За традиционални корисници, расположива е услугата траен налог, чија регистрација и користење се целосно бесплатни.
Банката изработи серија видео упатства за едукација на корисниците за користење на поменатите услуги.