Новости
Соопштенија
Известување за лажни e-mail пораки
15.08.2023
Почитувани клиенти и соработници,
Во текот на денешниот ден до различни корисници на електронска пошта испратена е порака која наликува како порака од нашиот Контакт центар со информација за „плаќања од трета страна“.
Притоа, пораката содржи прилози и линкови кои веруваме дека водат до малициозен софтвер кој може да Ви наштети. Затоа наша препорака е овој сомнителен мејл да не се отвора, но и да НЕ СЕ КОРИСТАТ линковите и прилозите доколку ги има.
Најдобро е ваквата порака да се избрише веднаш.
Доколку сепак сакате да проверите дали Банката Ве контактирала за прилив обратете се на (02)3100 109 во секое време од денот или во една од нашите филијали кои работат од 8:30 до 16 часот.
Како и досега, Стопанска банка АД - Скопје потестува дека преку e-mail нема да бара да откривате лозинки и други лични сензитивни податоци. Посветете посебно внимание ако добиете ваков вид на електронска пошта.
Со почит,
Стопанска банка АД- Скопје,
На ваша страна