Прескокни до содржина
Известување до имателите на обични и приоритетни акции

Новости

Соопштенија

Известување до имателите на обични и приоритетни акции

05.06.2025

Во согласност со одлуките на Собранието на акционери од 30.5.2025, Стопанска банка АД – Скопје ќе исплати дивиденда за обичните акции од 229,00 денари по акција и за приоритетните акции од 6,00 денари по акција за 2024 година.

Датумот на евиденција за одредување на листата на акционери со право на дивиденда е 16 јуни 2025. Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 12 јуни, а без право е од 13 јуни.

Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе се изврши до 30 јуни 2025, додека исплатата за обичните акции почнува од 10 јули 2025.

Дивидендата ќе биде исплачена во готово на платежните сметки на акционерите во Стопанска банка или во друга банка.

Акционери кои немаат сметка се повикуваат да отворат платежна сметка. Оние кои сакаат исплата преку друга банка мора да поднесат инструкција до пресекот на акционерската книга на 16 јуни.

Физичките лица подлежат на персонален данок на доход според законските регулативи и треба да бидат евидентирани во даночната евиденција на УЈП.