Новости
Соопштенија
Измена на тарифа за надоместоци - ПОС терминали (физички и виртуелни)
31.12.2024
Стопанска банка АД – Скопје извршила измена на надоместоците за правни лица кои прифаќаат платежни картички преку ПОС терминали.
Месечниот надомест за одржување на ПОС терминали со промет помеѓу 20.000 – 80.000 денари ќе изнесува 380 денари од 1 Март, а за терминали со промет над 80.000 денари - 180 денари.
За електронската трговија, месечниот надомест со промет помеѓу 20.000 – 80.000 денари ќе изнесува 380 денари, а над 80.000 денари - 180 денари.
Дополнителни месечни надомести за e-commerce сервисот вклучуваат 1.000 денари за „recurring, card on file или custom css", 1.500 денари за „pay by link" функционалност, и 2.000 денари за API функционалност.
Изменетите тарифни ставки влегуваат во примена од 1 Март 2025 година.
Банката обезбедува бесплатни ПОС терминали, потрошни материјали, гаранција, сервисирање, комуникациска врска, финансиски извештаи и 24/7 подршка како дел од услугата.