Прескокни до содржина
Избрани проектите што ќе добијат вкупно 20.000 евра во рамки на „Сонуваме. Менуваме."

Новости

Соопштенија

Избрани проектите што ќе добијат вкупно 20.000 евра во рамки на „Сонуваме. Менуваме."

29.12.2023

Во петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“, Стопанска Банка одобри грантови за проекти со вкупна вредност од 20.000 евра за поддршка на инклузијата на лица со попреченост.

Годинава до банката пристигнаа рекорден број од 31 барања за грантови. Заедно со добитниците од претходни години, банката вкупно пречекорила над 80.000 евра донирани во реализација на речиси 50 проекти.

Како дел од активностите, беше организирано пет прикажувања на инклузивна музичко-театарска претстава во Македонскиот Народен Театар со омилени ликови од серијата „5+ Фамилија“.

Додатно, банката најави дека претставата ќе продолжи да се прикажува и во текот на 2024 година.

Комисијата при избирањето на проектите водила сметка за одржување на континуитет и долгорочни ефекти во животот на корисниците.

Вкупно 12 организации и установи биле одобрени за финансирање, вклучувајќи центри за деца со попреченост, училишта и здруженија што работат во областа на социјална инклузија.

Банката ќе ги контактира сите добитници и ќе пристапи кон реализација на проектите веќе во јануари.