Новости
Соопштенија
Информација за претстојна системска надградба
01.07.2026
Почитувани клиенти, Ве информираме дека во тек е реализацијата на планираните системски надградби, поради кои во период од 4 до 6 јули платежните услуги преку дигиталните канали ќе бидат лимитирано достапни.
Ве повикуваме своите планирани плаќања да ги реализирате најдоцна до крајот на работниот ден - 3 јули, со цел навремено и непречено извршување на трансакциите.
За итни плаќања на 6 јули користете ги услугите во филијалите на Банката.
Напоменуваме дека платежните картички преку ПОС мрежата и АТМ (мрежата на банкомати) остануваат целосно достапни за корисниците.
Ви благодариме на разбирањето.