Новости
Соопштенија
Именуван нов Генерален директор за управување со ризици
28.01.2026
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов член на Управниот одбор. Д-р Емилија Стојанова Ивановска ја презема функцијата Генерален директор за управување со ризици.
Д-р Стојанова Ивановска има две децении искуство во банкарството, од кои 15 години на менаџерски позиции. Владее со аналитичко и стратешко знаење за управување со кредитниот ризик, квалитет на портфолио и наплата, како и управување со ликвидносни и пазарни ризици.
За време на својата кариера водела клучни проекти во развојот на кредитно-оценувачки модели, политики за ризици и активно учествувала во бројни банкарски одбори.
Таа поседува докторат по економски науки со специјалност управување со кредитен ризик применувајќи економетрија и статистички методи. Активно учествува на конференции и предава на универзитети.
Назначувањето рефлектира заложба на банката „за силно корпоративно управување, стабилен систем за управување со ризици и примена на највисоките стандарди во работењето“.