Прескокни до содржина
Именуван нов член на Управниот одбор

Новости

Соопштенија

Именуван нов член на Управниот одбор

25.06.2025

Стопанска банка АД – Скопје го објавува назначување на г-а Мирјана Трајановска за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор.

Г-а Трајановска има 35-годишно искуство посветено на Стопанска банка и неуморен ангажман на проекти кои оставија белег на Банката и пазарот.

Нејзиното темелно и институционално искуство, докажаното лидерство и експертизата, заедно со долгогодишниот придонес и лојалност кон Банката, ја прават соодветна за новата позиција.

Ова назначување одразува посветеноста на Банката да препознава внатрешни таленти и обезбедува континуитет во врвното финансиско лидерство.