Новости
Соопштенија
Годишно интервју со г. Николетопулос во „Економија и бизнис"
26.12.2024
Осумдесетгодишнината на Стопанска банка симболизира долговечност и издржливост на институцијата која имала значајна улога во обликување на финансиското окружување на Северна Македонија.
Банката останува лидер на домашниот пазар со силни финансиски перформанси, робусно кредитно портфолио и солиден пазарен удел. Очекува се да се заврши годинава со приблизно 20% поголема добивка споредено со претходната година.
Падот на каматните стапки ќе влијае на профитабилноста на сите банки, но поради структурата на балансот и диверзификацијата на портфолиото, влијанието врз Стопанска банка би требало да биде помалку очигледно.
Банката спровести важна програма за трансформација вклучувајќи инфраструктурни инвестиции, нови системи, иновативни технологии и промени во оперативниот модел за подобрување на клиентското искуство и оперативната ефикасност.
Успехот на банката потекнува од ориентираност кон клиентите, доверба и стабилност, прудентна политика за управување со ризици и исклучителни таленти во тимот.
Иднината бара внимателно балансирање меѓу технологијата и личниот пристап кој гради доверба кај клиентите.
Северна Македонија има голем неискористен потенцијал, а стабилен раст бара фокус на дигитализација, инвестиции во инфраструктуру и енергија, како и реформи во образованието, здравството и заштитата на животната средина.