Прескокни до содржина
Финансиските резултати за 2024 година резултат на органски пораст

Новости

Соопштенија

Финансиските резултати за 2024 година резултат на органски пораст

31.01.2025

Стопанска банка АД – Скопје продолжи да остварува значајни финансиски резултати во 2024 година и покрај значителните предизвици од инфлациските притисоци, движењата на каматните стапки, геополитичките услови и зголемените регулаторни барања. Резултатите се остварени како резултат на органски раст, солиден деловен модел и професионално управување.

Банката ја заврши 2024 година со добивка пред оданочување од 4.141.116 илјади денари, што претставува 7% зголемување во однос на претходната година.

Вкупната актива на банката достигна 144.011.499 илјади денари, односно 10% повисока во однос на 2023 година. Кредитите и побарувањата од други комитенти бележат пораст од 7%.

Капиталот и резервите изнесуваат 29.236.157 илјади денари, со 14% зголемување. Стапката на адекватност на капиталот достигнува приближно 18%.

Нето-приходите од камати се зголемени за 8%, додека нето-приходите од провизии бележат 6% пораст. Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од 1.175.092 илјади денари за управување со кредитниот ризик.

Во втората половина на 2024 година, Банката го започна проектот „Трансформација“ со фокус на дигитализација, модернизација на ИТ системите и автоматизација на процесите, подготвувајќи се за идните предизвици.