Новости
Соопштенија
Ексклузивно интервју со генералниот директор на НБГ: Подготвени за понатамошна експанзија
30.05.2023
Го споделуваме во целост интервјуто со г. Пол Милонас, Генерален директор на НБГ објавено на www.bloombergadria.com:
Сè уште постојат значителни домени на загриженост, поради тоа што кризата во Украина сè уште е во тек, заживувањето на економската активност во Кина зема замав, а енергетските пазари остануваат чувствителни на геополитичките фактори.
Големите централни банки се обидоа да го запрат порастот на инфлацијата, која започна со брзото закрепнување на економијата по пандемијата – во услови на бавно приспособување на понудата низ светот – и која се интензивираше со инвазијата врз Украина.
Намалувањето на тензиите на енергетските пазари и ослабувањето на другите притисоци на страната на понудата, заедно со продолженото затегнување на финансиските услови, придонесоа за забавување на вкупната инфлација во првите четири месеци на 2023 година.
Циклусот на затегнување на ЕЦБ исто така се чини дека се ближи кон крајот, поради тоа што инфлацијата покажува сигнали на забавување, иако до средината на 2023 година се очекува уште едно зголемување на каматните стапки од 25 до 50 базични поени.
Во ово опкружување на економски раст предводен од инвестиции, нашиот нето-каматен приход ќе има бенефиција од одржливото проширување на кредитирањето и нашето кредитно портфолио.
Групацијата НБГ ја одржува водечката улога на банкарскиот пазар во Северна Македонија повеќе од 20 години, преку својата подружница Стопанска банка АД - Скопје.
Навистина, нашата стратегија за раст на Стопанска банка се фокусира на креирање синергии меѓу двете земји – преку финансирање значајни прекугранични инвестиции и регионални проекти.