Новости
Соопштенија
Донација на медицинска опрема за Институтот за спортска медицина
06.11.2023
Грижата за здравјето на спортистите и спортските рекреативци е клучна за создавањето здрави и успешни генерации кои се занимаваат со спорт.
Стопанска банка АД - Скопје е долгогодишен активен поддржувач на спортот и градењето здрави животни навики, па во согласност со оваа мисија Банката донираше ЕКГ и апарати за спирометрија.
Опремата веќе е предадена за употреба во Институтот со цел извршување поголем број прегледи на спортистите од регионот и е прва донација на медицински апарати во оваа институција досега.
Зголемувањето на капацитетите на Институтот е особено значајно за помладите категории, односно за децата и младинците кои се занимаваат со спорт, кај кои редовните медицинско-спортски прегледи се неопходни за превенција и рано откривање на одредени заболувања.
Татјана Калајџиева, сениор-директор за продажба, потцртала дека "сакаме да им помогнеме да имаат подостапна спортска медицина со најсовремени апарати."
Проф. д-р. Јасмина Плунцевиќ Глигороска изјави дека "се надеваме дека со новата опрема ќе можеме да го зголемиме бројот на прегледите со ЕКГ и спирометрија за 25-30 отсто."
Повеќе од 70 отсто од корисниците на услугите се помлади од 18 години, а апаратите дополнително ќе ги користат студентите за да се запознаат со базичните медицински испитувања.