Прескокни до содржина
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

Новости

Соопштенија

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

24.11.2024

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3.

Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ“, која траеше од 1 јули до 31 октомври.

Наградната игра беше поттик за клиентите да ја зголемат употребата на картичките во безготовинските плаќања наместо употребата на готовината.

Дополнителни прилики за учество се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на Google Pay мобилниот дигитален паричник.

Во извлекувањето за главната награда за четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции.

Генералниот извршен директор Диомидис Николетопулос му ги предаде клучевите на добитникот.

Покрај главната награда, беа доделени 12 Garmin часовници, 4 парични награди по 50.000 денари и 4 парични награди по 100.000 денари.

Стопанска банка соработува со Mastercard од 2009 година и создава интересни понуди за корисниците на платежни картички.