Прескокни до содржина
Членовите на Управниот одбор во посета на југозападниот регион

Новости

Соопштенија

Членовите на Управниот одбор во посета на југозападниот регион

07.10.2025

Во рамките на континуираните активности за подобро запознавање на членовите на Управниот одбор со локалните заедници, нивните карактеристики и бизнис традиции, г-а Хрисула Кутуди, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, заедно со дел од сениор менаџментот, ја посети југозападната област – Кичево, Охрид и Струга.

Посетата опфати средби со вработените во филијалите, разговори за предизвиците и можностите, како и средби со клиенти и деловни партнери. Овие активности овозможија подобро разбирање на регионот и начинот на кој Банката може и понатаму да придонесува и да биде на страната на своите клиенти и заедници.

Нашата уникатна филијала во Охрид послужи како идеално место за коктел-средба со клиенти од регионот, при што нејзината архитектура му даде посебен белег на настанот и придонесе вечерта да биде уште повпечатлива.