Новости
Соопштенија
Членови на Управниот одбор ја посетија Битола
16.10.2025
Битола беше следната станица од нашите посети низ земјата, за средби со клиенти, деловни партнери и вработени во филијалите.
Г-ѓа Хрисула Кутуди, Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, заедно со претставници на менаџментот, го помина денот во Битола, фокусирајќи се на спецификите на градот и неговиот регион - област која напредува благодарение на деловната заедница во подем, процутот на туризмот, како и од непосредната близина до Република Грција.
Нашите клиенти ја поздравија можноста да се сретнат со менаџерскиот тим, да ги споделат своите предизвици и да разговараат за тоа како Банката може да продолжи да игра клучна улога во поддршката на нивниот успех и раст.
Посетата, исто така, вклучуваше средби со вработените во филијалите, обезбедувајќи простор за отворени дискусии за оперативни прашања и дополнителни начини за зајакнување на комуникацијата - секако насочена кон понатамошно подобрување на нашиот услужен модел.