Прескокни до содржина
Депозитни производи

Депозити

Депозитни производи

За правни лица


Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Покрај традицијата исполнета со пораст, развој и успех Банката како членка на најголемата групација во Југоисточна Европа – Националната банка на Грција нуди сигурност и стабилност за вашите депозити и конкурентна предност за вашиот бизнис.

Остварете дополнителен приход со орочување на вашите слободни парични средства, по конкурентни каматни стапки, на флексибилни рокови и во согласност со вашите можности. Производите што ги нудиме се целосно прилагодени на вашите потреби и барања кои постојано ги следиме и применуваме во нашето работење.

Општи информации за депозитите

  • Депозитот може да биде денарски или во странска валута, со или без намена
  • Рокови на орочување за денарски депозити: кратки рокови до 1 месец и рокови од 1 месец до 36 месеци
  • Рок на орочување за депозити во странска валута: од 1 месец до 24 месеци
  • Каматните стапки за сите видови депозити се утврдуваат со Одлуки за каматни стапки на Стопанска банка АД – Скопје
  • Исплатата на камата се врши на денот на достасување на депозитот или месечно, во зависност од барањето на клиентот
  • Располагање со депонираните средства е можно во моментот на достасување на депозитот, односно со завршување на периодот на орочувањето или предвреме во согласност со условите на Банката