Прескокни до содржина
Платежни услуги со странство

Платежни услуги

Платежни услуги со странство

Општи информации

Платежните услуги со странство претставуваат важен дел од меѓународниот платен промет и се од суштинско значење за трговијата, финансиите и личните трансакции.

Тие овозможуваат брз, сигурен и ефикасен трансфер на финансиски средства помеѓу физички и правни лица од различни земји.

Во Република Северна Македонија, платежните услуги со странство се регулирани од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), која воспоставува правила за девизниот промет, спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и за безбедноста на платниот систем.

Стопанска банка АД – Скопје работи согласно регулативата на НБРСМ и ги применува меѓународно прифатените SEPA и SWIFT стандарди.

Начини на извршување трансакции:

  • SEPA трансакции – За плаќања во евра кон земји кои се дел од SEPA шемата

  • SWIFT трансакции – За плаќања во евра и во валута различна од евро

Kарактеристики на SEPA кредитните трансфери се:

  • Извршување исклучиво во валута евра, кон земји членки на SEPA шемата и кон банки кои се регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.

  • SEPA кредитни трансфери се вршат ислучиво со трошок SHA (поделени трошоци)

  • Значително пониски надоместоци

Kарактеристики на SWIFT кредитните трансфери се:

  • Извршување на SWIFT кредитни трансфери во евра и валута различна од евра

  • SWIFT кредитнитe трансфери може да бидат со трошоци SHA, OUR И BEN

Клиентот сам одбира дали плаќањето ќе се изврши како SEPA кредитен трансфер или SWIFT кредитен трансфер.

За SEPA кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните SWIFT кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.

Совети за безбедни трансакции со странство:

  • Користете проверени и лиценцирани финансиски институции

  • Заштитете ги вашите лични податоци и информации за сметката

  • Потврдете ја веродостојноста на платежната сметка на вашиот деловен соработник