Прескокни до содржина
Платежни сметки

Платежни услуги

Платежни сметки

Отворање сметка

На правните лица кои за првпат отвораат платежна сметка во денари, потребна им е следната основна документација:

Доколку документацијата не е на македонски јазик, потребно е таа да биде преведена од овластен судски преведувач.

Воедно, потребно е да се пополнат и следните формулари на Банката:

Доколку правното лице е во една од долунаведените дејности или ѝ припаѓа на една од овие групи, потребни се и следните дополнителни документи:

Здруженија на граѓани/фондации – шифра на дејност 94.99

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • прашалник за здруженија;

  • акт за основање;

  • статут;

  • програма за дејствување за тековната година;

  • документ за извори на финансирање (издаден од правното лице со печат и потпис на управител);

  • документ за начинот на трошење на средствата (издаден од правното лице со печат и потпис на управител);

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

Странска организација

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • заверена фотокопија на Актот за основање на странската организација и заверен превод за регистрација во странската држава во која е основана или друг документ што потврдува дека организацијата може да дејствува;

  • заверена фотокопија на одлуката и заверен превод на одлуката на надлежниот орган за основање на организациониот облик во Република Северна Македонија;

  • заверен превод на одлуката и одлуката за избор на законски застапник со лични податоци, заверена фотокопија на исправата за идентификација на тоа лице и документ за регулиран престој, односно живеалиште во Република Северна Македонија;

  • заверен превод на одлуката за лице овластено од законскиот застапник за регистрација на организациониот облик на странската организација во Република Северна Македонија;

Политички партиии - шифра на дејност 94,92

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • акт за основање (статут);

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

Отварање платежна сметка за изборна кампања

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • при отворање платежна сметка сметка „за изборна кампања“ задолжително се обезбедува единствениот даночен број со назнака „за изборна кампања“;

  • за Коалиции – Договор за коалиција;

Приредувачи на игри на среќа (обложувалници, казина) - шифра на дејност 92,00

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • последно ажурирана „Програма за спречување перење пари и финансирање на тероризам“

  • изјава за санкции - да се обезбеди печат од правно лице и потпис на управител;

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

  • лиценца за вршење на дејноста (ако не е внесена во тековната);

Одгледување зачински и ароматични растенија – Канабис Индустрија – шифри на дејност 01.28

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице со потпис од управител и печат од правното лице);

  • лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;

  • документ за лична идентификација за вистинскиот/вистинските сопственик/сопственици;

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

Производство/трговија на оружје и муниција – шифра на дејност 25.40

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице со потпис од управител и печат од правното лице);

  • лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

Финансиски друштва – правни лица што се регистрирани под шифра 64.19 или Друго монетарно посредување и Друго кредитно посредување 64.92

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице) или финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;

  • последно ажурирана Програма за спречување перење пари и финансирање на тероризам;

  • изјава за санкции - да се обезбеди печат од правно лице и потпис на управител;

  • лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;

Правни лица што во сопственичката/управувачката структура имаат НЈФ (Носител на јавна функција)

Дополнителни документи покрај основната документација:

  • финансиски извештаи/годишна сметка за последната година (освен буџетски корисници чиишто финансиски извештаи/годишна сметка се јавно објавени на веб страницата на буџетскиот корисник);

Банката може да побара и друга документација покрај наведената, согласно Закон.

Клиентите на Банката кои веќе имаат отворено сметка во СБ, но сакаат да ги ажурираат податоците, потребно е да ја достават пополнета следната документација:

Отворање сметки на домашни правни лица во девизи

Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД - Скопје со кои се покриени речиси сите градови низ Северна Македонија.

За отворање сметки во девизи, комитентот е потребно да ги достави следниве документи:

  • извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Северна Македонија, не постар од три месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матичниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копија заверена на нотар, акт од надлежен орган за основање, ако правното лице врши регистрирана дејност, нема обврска за запишување во регистар, или извод од закон ако правното лице е основано согласно закон.

  • ЗП образец (заверен потпис на законскиот застапник кај нотар), оригинал

  • оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува